Утрински Весник
Спорт

Невиден хаос по завршувањето на полуфиналето на ЕУРО 2024: навивач влета на терен, редарот го повреди капитенот на Шпанија

Haos Francija Spanija Redari.jpg

На преносот не можеше да се види хаосот што се случи по полуфиналето на ЕП меѓу Шпанија и Франција (2:1), а тоа може да влијае и на самото финале.

Обезбедувањето никогаш не било полошо на голем турнир, па и овој пат еден од навивачите успеа да им побегне на редарите.

Маките на Германија со организацијата продолжија, а „најдебелиот крај го извлече“ Алваро Мората, капитенот на Шпанија.

Навивачот трчаше низ теренот, ги избегна редарите и даде се од себе за да направи историско селфи со милениците на Шпанија.

И додека редарите се обидувале да го фатат, еден од нив погрешно проценил кој е всушност тој што побегнал.

Наместо навивач, тој се лизна во Алваро Мората, кој заврши на земја. После тоа беше очигледно дека чувствува болка и последици од тој старт.

Шпанија сега ќе треба да ја следи состојбата на Мората за да утврди дали ќе може да игра во финалето во Берлин за пет дена.

Можете да прочитате

Пад за едно место на македонската репрезентација на најновата ФИФА ранг-листа

Мајката на Мбапе: Ако нема друг избор ќе го тужиме ПСЖ за долг од 100 милиони евра

Новак Ѓоковиќ ќе игра за Србија во Дејвис Купот