Утрински Весник
Свет

Неуспешното лансирање на шпионски сателит на Северна Кореја предизвика паника во Сеул и Јапонија

Неуспешното лансирање на шпионски сателит на Северна Кореја предизвика паника во Сеул и Јапонија

Северна Кореја соопшти дека првото лансирање на нејзиниот воен вселенски сателит било неуспешно и дека паднал во морето.

dobivaj vesti na viber

Пјонгјанг претходно најави дека планира да лансира сателит за следење на воените активности на САД до 11 јуни, а сега најави дека ќе се обиде и второ лансирање што е можно поскоро, јавува Би-би-си.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш остро го осуди лансирањето на воен сателит од страна на Северна Кореја. Тој најави дека секое лансирање од страна на Пјонгјанг со користење на технологија на балистички ракети е во спротивност со релевантните резолуции на Советот за безбедност.

Белата куќа соопшти дека го осудува лансирањето на Пјонгјанг во вселената користејќи технологија на балистички ракети и ја проценува ситуацијата во координација со сојузниците, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Адам Хоџ.

Лансирањето на севернокорејскиот сателит денеска заврши неуспешно, испраќајќи го засилувачот и товарот во морето, објавија државните медиуми во Пјонгјанг. Новата сателитска ракета за лансирање „Чолима-1“ откажа поради нестабилност на моторот и системот за гориво, објави новинската агенција КЦНА.

Лансирањето предизвика лажна тревога во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, додека во Јапонија беше издадено предупредување до жителите во јужниот дел на земјата во областа Окинава.

Во Сеул настана хаос и збунетост кога луѓето се разбудија од звукот на сирената за воздушен напад и итна порака да се подготват за евакуација, а 20 минути подоцна им беше кажано дека предупредувањето било испратено по грешка, јавува Би-Би-Си.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека проектилот можеби се распаднал во воздух или се урнал откако исчезнал од радарот и објави фотографии од остатоците пронајдени во морето.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Северна Кореја најверојатно истрелала балистичка ракета и дека владата ги анализира деталите, но засега нема извештаи за штета.

Можете да прочитате

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни