Утрински Весник
Свет

Нетанјаху се предомисли и бара средба со САД, откако ја откажа претходната

Netan Ahu 1.webp.webp
Ss2

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и соопштил на Белата куќа дека сака да го презакаже состанокот што претходно го откажа откако САД се воздржаа од вето на резолуцијата на Советот за безбедност која повикува на прекин на огнот во Газа без услови за ослободување на заложниците, објави Ен-Би-Си, повикувајќи се на американски официјални претставници.

Ен-Би-Си објави дека високи американски функционери работуваат со Израел за да се договорат за датумот кога би можел да се одржи состанокот.

300x250 (7)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот рече дека ја откажува средбата со САД бидејќи нивната недоследност во гласањето за резолуцијата поддржана од Кина и Русија му даде „надеж на Хамас дека меѓународниот притисок ќе им овозможи да постигнат прекин на огнот без ослободување на заложниците“.

Белата куќа минатата недела ја објави својата намера да им претстави на израелските претставници на состанок алтернатива за елиминирање на Хамас без копнена офанзива во Рафа.

Ss1

Можете да прочитате

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи