Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Победата е на дофат, војната ќе заврши за неколку месеци

1707377222 Unnamed File.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека Израел е на пат кон убедлива победа над палестинската милитантна група Хамас и изјави дека војната ќе заврши за неколку месеци.

„Ние сме на пат кон целосна победа. Тука е, на дофат“, рече Нетанјаху на прес-конференција и додаде дека предвидува дека војната ќе заврши за неколку месеци, а не за неколку години, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој повтори дека целите на Израел во војната се уништување на Хамас, враќање на заложниците и создавање ситуација појасот Газа повеќе да не претставува закана за Израел.

Тој ги нарече досегашните акции на израелската армија достигнувања без преседан, особено пофалувајќи го она што Израел го постигнал против Хамас.

Тој најави дека, по градот Кан Јунис, фокусот на израелската армија ќе биде ставен на пограничниот град Рафах.

„Продолжуваме до крај. Нема друго решение освен целосна победа“, рече Нетанјаху, додавајќи дека денот по војната е всушност ден по Хамас.

Тој посочи дека е неопходно да се најде решение за проблемите на границата меѓу Израел и Либан, од каде што побегнаа десетици илјади Израелци поради гранатирањето на либанската милитантна група Хезболах.

Тој исто така изјави дека Израел не може да толерира да има близу 100.000 евакуирани во неговата земја и дека неговите непријатели знаат дека ќе треба да се најде решение, било дипломатски или воено.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж