Утрински Весник
Свет

Нетанјаху објави снимка во која ги критикува САД; Белата куќа: Длабоко сме разочарани

Netan Ahu.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белата Куќа изрази длабоко разочарување поради критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон САД, во услови на тензии меѓу двата сојузници околу војната на Израел во Газа.

Одговорот на Белата куќа дојде по состанокот меѓу советникот за национална безбедност Џејк Саливан и двајца од главните соработници на Нетанјаху на разговори за конфликтот во Газа.

Во вторникот, Нетанјаху објави видео на англиски јазик во кое раскажува разговор со шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, кој, според израелскиот премиер, му дал збор дека администрацијата на претседателот Бајден работи на отстранување на ограничувањата на испорака на оружје за Израел. Но, највисокиот американски дипломат одби да го потврди ова.

Продолжувајќи да ја истакнува содржината на неговиот разговор со Блинкен, Нетанјаху додаде дека го нарекол незамисливо одбивањето на испораките на оружје и муниција за Израел во последните месеци.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби се осврна на овие коментари на брифинг со новинарите, велејќи дека САД го изразиле своето незадоволство од Израел.

„Мислам дека многу јасно и недвосмислено им го пренесовме на нашите израелски колеги нашето длабоко разочарување од изјавите дадени во тоа видео, како и нашата загриженост за точноста на изјавите“, рече Кирби.

„Наводите дека сме престанале да му помагаме на Израел во однос на нивните одбранбени потреби се целосно лажни“, рече тој.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп