Утрински Весник
Свет

Нетанјаху не го прифаќа примирјето од Хамас додека не го уништи екстремистичкото палестинско движење

Blinken netanjahu.jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли предлогот кој денеска го понуди екстремистичката палестинска група Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа, јавуваат светските медиуми. Изјавата на Нетанјаху дојде по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е на турнеја во регионот, чија цел, меѓу другото, е мисија за постигнување договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Нетанјаху порачал дека воената офанзива во Газа ќе продолжи додека Израел не постигне, како што рече, апсолутна победа, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на извештаите на новинските агенции Асошиејтед прес и Ројтерс. Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија го прогласија Хамас за терористичка организација.   Израелскиот премиер на прес-конференција попладнево го повтори ставот дека ќе го уништи екстремистичкото палестинско движење, велејќи дека за Израел нема друга алтернатива освен да го доведе Хамас до колапс. Нетанјаху потенцира дека Израел е на пат кон апсолутна победа, додавајќи дека операцијата ќе трае со месеци, но не и со години.  

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз