Утрински Весник
Свет

Нетанјаху нареди евакуација на милион цивили од Рафах

Netanyahu.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на армијата да евакуира повеќе од еден милион цивили кои избегаа од конфликтот во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, пред претстојниот копнен напад.

На наредбата и претходеше предупредување од американски официјални лица дека Израел не планирал како да ги заштити цивилите и дека поради тоа се изложени на ризик од „катастрофа“. Тие им се придружија на хуманитарните службеници кои и малку порано предупредија за опасноста за цивилите.

Нетанјаху рече дека и дал инструкции на израелската армија (ИДФ) и одбранбениот естаблишмент да ги претстават плановите на владата за евакуација на палестинските цивили од јужниот дел на Појасот Газа и уништување на баталјоните на Хамас во областа Рафа.

-Невозможно е да се постигне воената цел за елиминација на Хамас, а притоа да се остават четири баталјони на Хамас во Рафа, се вели во соопштението на кабинетот на Нетанјаху.

Како што се додава, од друга страна, јасно е дека големата операција во Рафах бара евакуација на цивилното население од борбената зона.

Се проценува дека повеќе од 1,3 милиони Палестинци се засолниле во областа Рафа, бидејќи ИДФ нареди евакуација од северот и другите области на Газа пред копнената офанзива против Хамас, јавуваат израелските медиуми.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk