Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Израелското обвинителство ја излудува земјата со бесмислените обвинувања против мене

20250127115547 Big 730x400 46.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска за време на неговото сведочење во судскиот процес против него за наводна корупција изјави дека обвинителството ја „излудува земјата“ со бесмислените обвинувања против него. Израелскиот премиер посочи дека „природно е премиерот да се обидува да влијае на медиумите“ и негираше дека сопственикот на веб-страницата „Вала“ му дал „специјален третман“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Тие (обвинителството) ја излудеа целата земја поради една веб-страница. За што ме обвинија, зошто седам овде? Поради глупости. Тие ја измислија оваа идеја (за посебен третман) за да имаат за што да ме обвинат“, изјави Нетанјаху.


Денеска е седмиот ден од неговото сведочење, а говорницата на сведоците во судницата е отстранета за да се направи место за масата на која седеше Нетанјаху за време на неговото сведочење, поради лекарска препорака да не се заморува.

Нетанјаху се соочува со неколку обвиненија за корупција. Нему му се суди за три главни случаи: „Афера 1,000“, „Афера 2,000“ и „Афера 4,000“.

Како дел од „Аферата 1,000“ Нетанјаху е обвинет дека добил подароци во вредност од стотици илјади долари, вклучувајќи пури и шампањ од богати бизнисмени, во замена за наводно давање политички услуги.

Во „Афера 2,000“, Нетанјаху е обвинет дека преговарал за договор со сопственикот на израелскиот весник „Једиот Ахронот“, Арнон Мозес, за да обезбеди поповолно покривање во замена за прописи што би ги заштитиле неговите деловни интереси.

„Аферата 4,000“ е најсериозното обвинение, бидејќи се однесува на наводната коруптивна врска меѓу Нетанјаху и сопственикот на телекомуникациската компанија Безек, Шаул Еловиц.

Во наводите на обвинението се сугерира дека Нетанјаху обезбедил политички услуги во замена за поволни извештаи на владиниот портал на Еловиц, Вала.

Нетанјаху ги негира сите обвинувања, тврдејќи дека тие се политички мотивирани. 

Можете да прочитате

Џенифер Анистон и аферата со Барак Обама: Едвај го познава, овие гласини се луди

Убиен светски познат кикбоксер – Пронајден мртов на паркинг, беше најбараната личност во подземјето

Големо повлекување на Кока-Кола и другите омилени пијалоци во Европа: се огласи компанијата