Утрински Весник
Свет

Нетанјаху го отфрли египетскиот предлог за прекин на огнот во Газа

Netanjahu Epa.jpg

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ја отфрли иницијативата предложена од Египет за краткорочен прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси предложи прекин на огнот во Појасот Газа за да се олесни потенцијалната размена на затвореници, со цел подолгорочно примирје. Медиумите од регионот претходно објавија дека Хамас е подготвен да го прифати предлогот на Египет за првично дводневно примирје, при што ќе бидат ослободени неколку заложници.

„Предложивме дводневно примирје во Појасот Газа за размена на четворица (израелски) заложници за некои (палестински) затвореници, а потоа ќе има преговори десет дена за да се претвори прекинот на огнот во трајно примирје“, рече Ал Сиси. за време на заедничката конференција за новинари со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне во Каиро.

И покрај наводната поддршка на мнозинството израелски министри за египетскиот предлог, Тел Авив одлучи да го отфрли договорот поради противењето на Нетанјаху, кој нагласи дека „преговорите ќе се водат само под оган“, според израелскиот Канал 12.

Израел проценува дека 101 лице сè уште се во заробеништво на Хамас во Појасот Газа, а се стравува дека некои веќе се убиени или од Хамас или во израелските напади врз густо населената област на енклавата.

Можете да прочитате

Во Турција уапсени 216 членови на ИД

Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Украински дронови уништија два руски топа 25 километри зад линијата на фронтот