Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Барањата на Ганц ќе доведат до пораз и создавање на палестинска држава

485100.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во соопштение наведе дека барањата на министерот Бени Гац ќе доведат до „крај на војната и пораз на Израел, ослободување на повеќето заложници, продолжување на владеењето на Хамас и создавање на палестинска држава“.

Ганц ја критикуваше воената политика на владата и се закани дека ќе ја напушти коалицијата доколку не се исполнат неговите барања, за што кабинетот го обвини дека „му дал ултиматум на премиерот наместо на Хамас“.

Кабинетот на премиерот се сомнева дали Ганц му дава приоритет на националниот интерес или на рушењето на владата.

„Дали Ганц сака да ја заврши операцијата Рафа, и ако е така, зошто се заканува дека ќе ја собори владата на единството за време на операцијата на ИДФ? Дали тој се противи на владеењето на палестинската управа во Газа, дури и ако Махмуд Абас не е вклучен? Палестинска држава како дел од процесот на нормализација со Саудиска Арабија“, праша кабинетот.

Во соопштението се додава дека Нетанјаху верува дека владата на единство е клучна за постигнување на воените цели и очекува Ганц јасно да ги каже своите ставови за овие прашања.

„Премиерот Нетанјаху е решен да ги елиминира баталјоните на Хамас. Тој се противи на доведување на палестинската управа во Газа и формирање на палестинска држава која неизбежно ќе биде држава на терор“, тврдат од кабинетот на Нетанјаху.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин