Утрински Весник
Свет

Несреќа во швајцарски ски-центар: Едно лице загина по пад на кабина од жичница

20260318173213 big 730x400 26.webp.webp

Едно лице го загуби животот во швајцарскиот ски-центар Енгелберг, откако кабина на жичница се откачи под налетот на силен ветер и падна на земјата, соопшти денеска локалната полиција, пренесувајќи детали за несреќата што се случи на надморска височина од околу 2.000 метри.

Според полицискиот портпарол во Енгелберг, кабината, која има капацитет за осум патници, во моментот на падот превезувала само едно лице.


По откачувањето, за кое се претпоставува дека е предизвикано од невремето, кабината силно удрила во земјата, по што се лизнала по снежната падина превртувајќи се неколку пати. Инцидентот бил снимен, а видеото беше објавено од швајцарскиот весник „Блик“. Засега нема подетални информации за идентитетот и националноста на жртвата.

Спасувачката операција била дополнително отежната поради висината и непристапниот терен, поради што бил ангажиран и хеликоптер на швајцарската воздушна спасувачка служба за евакуација на останатите туристи кои биле заглавени во другите кабини на линијата.

Веднаш по несреќата, погодената жичница и неколку други лифтови во ски-центарот беа затворени поради безбедносни причини и продолжувањето на силниот ветер.

Можете да прочитате

Кубанскиот претседател возврати на забелешките на Трамп за преземање на островот

Шпанија со милијарда евра воена помош за Украина во 2026

Москва без мобилен интернет: Руските оператори воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини