Утрински Весник
Свет

Несреќа во Етиопија, најмалку 60 загинати

Screenshot 2024 12 30 071018.jpg

Најмалку 60 луѓе загинаа во Етиопија кога камион полн со патници падна во река, соопштија властите во јужниот регион Сидама.

Несреќата се случила во областа Бона, се вели во соопштението на регионалната канцеларија за комуникации објавено доцна синоќа. „Оние кои преживеаја сега се лекуваат во Општата болница Бона“, се вели во соопштението, без да се наведат детали.


Државната телевизија ЕБЦ објави дека патниците патувале на свадба кога се случила несреќата вчера.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Етиопија, каде стандардите за возење се лоши и многу возила се лошо одржувани.

Можете да прочитате

Тајфунот Дуџуан ја погоди Јапонија: четворица загинати, десетици илјади домови без струја

Градоначалникот на Њујорк: Нетанјаху е воен злосторник, но не можам да го уапсам

ТВ станиците од пулот во Белата куќа го бојкотираат Трамп поради забраната на трите медиуми