Утрински Весник
Спорт

Несогласувања во Милан, си заминува Малдини?

Несогласувања во Милан, си заминува Малдини?

Оваа сезона Милан не успеа да ја одбрани титулата шампион на Италија, но успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите и уште еднаш избори учество во елитното европско натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Сепак, ситуацијата во клубот не е толку добра.

Како што пренесува „Скај Спорт“, одржан е состанок меѓу спортскиот директор Паоло Малдини и раководството на клубот, кој не поминало најдобро.
Уште порано се знаеше дека сопствениците не се задоволни од Малдини, а сега на состанокот имале сосема различни ставови за насоката во која треба да се развива славниот италијански клуб.

Како што пишуваат италијанските медиуми, можно е да попуштат сопствениците, но и Малдини да го напушти клубот.

Минатото лето Милан немаше добар преоден рок. Пристигнаа Де Кателаре од Клуб Бриж и Ориги од Ливерпул, а и двајцата се покажаа како големи трансферни промашувања.

Сепак, претходните преодни рокови беа ремек-дела на Малдини, во кои пристигнаа Рафаел Леао, Мајк Мањан и Оливие Жиру, кои денес се основата на тимот.

 

Можете да прочитате

Црвена звезда бара друг судија, навивачите на Партизан ќе го бојкотираат дербито

Миовски во тимот на колото во Шкотска

Ван Бастен: „Укинете го фудбалот кога не знаеме како да однесуваме“