Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Неплаќачите на струја во Слупчане ќе бидат решени без конфликт како во Сарај и Арачиново, уверува Спасовски

Неплаќачите на струја во Слупчане ќе бидат решени без конфликт како во Сарај и Арачиново, уверува Спасовски
Dik 300x250 mk

Секој што троши струја треба да ја плати, а бунтот во Слупчане ќе се реши на ист начин како што беа решени и Арачиново и Сарај, уверуваше денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Жителите на Слупчане вчера го условија ЕВН да им ги прости долговите, најголемите сметки да бидат 3.000 денари и новите куќи бесплатно да се приклучат за да им биде дозволен влез на екипите во селото.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата постапува постојано во договор со ЕВН за целиот овој настан. Јас сум убеден и веќе тоа синоќа ми го потврди еден од директорите на ЕВН, дека оваа недела почнуваат со целосна реконструкција на таа мрежа. Клучната работа е да ги завршиме сите активности така како што ги завршивме во Арачиново, така како што ги завршивме во Сарај, без да предизвикаме конфликт. Полицијата е тука да постапува врз основа на законските овластувања и кога тие се исполнети, да ги примениме. За нас, важно е да имаме мир и стабилност и да ја пратиме пораката дека секој во државата, покрај првата, ги има и обврските и мора да плаќа електрична енергија“, рече министерот Спасовски.

Доколку има потреба и ако се исполнат услови во кои треба да има интервенција на полицијата, Спасовски вели дека ќе интервенираат оти „не е важно од каде доаѓа криминалецот, не е важно кој е криминалецот, важно е да сноси одговорност“.

Проблемите со мрежата за струја, наплатата на струја и прекините во Слупчане се развлекоа речиси еден месец. Пред три недели, кога жителите се кренаа на бунт оти останаа без струја едно деноноќие и не дозволуваа екипите на ЕВН да влезат во селото, ги смири министерот за економија, Крешник Бектеши, кој преговараше со ЕВН, па струјата им беше пуштена.

Можете да прочитате

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ