Утрински Весник
Свет

Ненси Пелоси: Скапата енергија е „мала цена“ во споредба со украинските жртви

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, рече дека скапата енергија што ја плаќа Европа е „мала цена“ во споредба со жртвите што украинскиот народ ги прави поради војната со Русија.

dobivaj vesti na viber

На состанокот на претседателите на парламентите на групата Г7 во Берлин, Пелоси вети натамошна поддршка за Украина во борбата против Русија, пренесоа агенциите.

„Граѓаните на Украина се борат за демократија ширум светот. Јасната порака на денот е дека Г7 стои во солидарност со Украина“, рече Пелоси,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Во Германија се признаваат се повеќе странски квалификации

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува во САД

Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато во Централноафриканската Република