Утрински Весник
Македонија

Ненадејно почина поранешниот директор на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски

Img 5580.jpeg

Денеска ненадејно почина д-р Виктор Исјановски, истакнат македонски психијатар и поранешен директор на Здравствен дом Скопје во периодот од 2021 до 2024 година.

Роден е на 21 јули 1978 година во Скопје, каде ги завршува основното и средното образование. Медицинскиот факултет го завршува во 2003 година, а дел од студиите поминува и на Универзитетот во Мајами, Калифорнија, САД.


Својата професионална кариера ја започнува во 2004 година во Казнено-поправната установа Идризово, а од 2006 година е дел од ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“, каде во 2007 година ја завршува специјализацијата по психијатрија. Во 2018 година е избран за раководител во оваа институција.

Магистерските студии на Медицинскиот факултет ги завршува со просек 10, а трудот на тема „Улогата на некои ризик фактори во етиопатогенезата на шизофренијата“ го брани со највисоки оценки. Беше избран и за асистент на Катедрата по психијатрија при Психијатриската клиника во Скопје.

Д-р Исјановски зад себе остава сопруга и две деца. Неговата ненадејна смрт претставува голема загуба за медицинската заедница и за сите кои го познаваа.

Можете да прочитате

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети

Приведен турски државјанин во Охрид за посредување во проституција

Кузеска: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа