Утрински Весник
Македонија

Нема зафатено објекти при вчерашниот пожар на Транзитниот центар Табановце

20250813140127 big 730x400 16.webp.webp

Пожарникарите од Куманово скоро пет часа го гасеа пожарот во близина на Транзитниот центар Табановце. Од ТППЕ Куманово информираат дека нема зафатени објекти и на пожарот интервенирале три возила со деветмина пожарникари.

– Дојавата за пожарот е примена во 19:25 часот во атар на селото Табановце околу центарот за мигранти. Пожарот беше на поголема површина, зафатени беа нискостеблеста шума и сува трева. Според првични процени околу 50-тина хектари. Нема зафатено објекти. На пожарот интервенираа три екипи и девет пожарникари сè до 00:15 часот, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.


Пожари вчера имаше околу наплатната рампа Романовце на двете страни од автопатот, сува трева гореше, во населбата „Тоде Мендол“ во липковското Отља и последниот во Никуштак.

Можете да прочитате

Фрчкоски: Медиумски октпод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

Сиљановска-Давкова ја прогласи за отворена Шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Селами најавува промени, враќање на довербата и кадровско зајакнување на Народниот правобранител