Утрински Весник
Спорт

Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд

20241120073401 Big 730x400 16.webp.webp

Заврши победничката серија на Кливленд кавалирс и со тоа нема веќе непоразени екипи оваа сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Актуелниот шампион Бостон селтикс ноќеска го победи Кливленд со 120:117. Ова е прв пораз за Кавалирс по 15 последователни победи од почетокот на сезоната.

Најзаслужен за победата на домаќините е Џејсон Тејтум кој постигна дабл-дабл со 33 поени и 12 скока.

Во поразениот тим се истакна Донован Мичел со 35 поени.

Кливленд е на првото место во Источната конференција со скор 15-1. Бостон е втор со 12 победи и три порази.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027