Утрински Весник
Македонија

Нема толеранција за напад на вработен во МВР

Screenshot 2024 02 24 170846.png

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во интервју за Локално.мк, запрашан за истрагата во врска со инцидентот пред ноќен клуб во кој вработен во МВР спречил колега во вршење службени дејствија и дали очекува и други пресметки, рече: „Во однос на истрагата за инцидентот пред ноќен клуб во центарот на Скопје, кога полициски службеници беа спречени да  вршат службени дејствија во акција за спречување на недозволена трговија со дрога, од страна на нивни колега, уште еднаш ќе повторам дека ваков настан се случува за првпат во поновата македонска историја.  Поранешен висок полициски службеник да спречи колеги да извршат службени дејствија – неприфатливо по сите мерила. Против лицето е поднесена кривична пријава по член 383 од КЗ, и лицето е суспендирано и понатаму ќе одлучуваат другите органи со каква мерка ќе се соочи тоа лице. Одговорно тврдам дека истрагата која ја водеше внатрешната контрола при МВР и согласно службените белешки кои ги направија луѓето на самиот настан, утврдено е дека уште двајца колеги одбиле да постапуваат по наредба, односно двајца колеги од ЕИП кои не сакале да го приведат лицето кое ги нападнало колегите. За овие лица е започната дисциплинска постапка. Од страна на загрижени граѓани беше препознаено уште едно лице кое е во друштво на лицето кое веќе има кривична пријава, при што се утврди дека тоа лице е вработено во МВР, дел од ЕБР, за што е известена внатрешна контрола”, рече Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор