Утрински Весник
Македонија

Нема пропуст во лекувањето на родилката која скокна од Гинекологија, вели комисијата

ГАК направиле пропуст оти докрај не и’ обезбедиле психијатар на родилката што скокна од прозорец, констатира инспекторатот

Петчлената комисија формирана од министерот за здравство, која вршеше стручен надзор за случајот со 39-годишната родилка која скокна од прозорец на Гинекологија, не утврди пропусти во нејзиниот третман.

dobivaj vesti na viber

„Биле направени сите неопходни медицински процедури, кај сега покојната пациентка и не била регистрирана депресивна психотична симптоматологија. Според Комисијата пациентката не изгубила контакт со реалитет и не можело да се предвиди ваков немил настан“, се наведува во извештајот на Комисијата испратен од Министерството за здравство.

Претходно Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по вонредниот инспекциски надзор во скопска гинекологија констатираше дека ГАК направиле пропуст бидејќи докрај не ја спровеле постапката за обезбедување на психијатар.

39-годишната родилка почина на КАРИЛ две недели откако скокна од прозорец на ГАК.

Можете да прочитате

Билјана Ивановска и Миодраг Лабовиќ вечерва гости во „Ноќно студио“ на 4ТВ

Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада – потврдена клучната улога во одбраната

Дали ни е потребна „принудна управа“ за да ја спасиме државата?