Утрински Весник
Македонија

Нема приведени лица за пукањето кон градоначалникот на Арачиново

1712134960 Mqdefault.jpg
Ss2

Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев во утринското гостување на Слободен печат, кажа дека напаѓачите на градоначалникот на Арачиново се уште шетале на слобода. Уапсените лица од вчера, согласно изјавите на министерот не биле поврзани со престрелката во скопско Арачиново. „Сакам да ги демантирам некои натписи по медиумите, МВР сеуште ги нема приведено напаѓачите на градоналникот на општина Арачиново иако вчера во дел од медиумите пишуваше дека се приведени две лица-осомничени во вооружената престрелка. Лицето кое беше приведено е косовски државјанин кој бил баран со потерница поради учество во странска војска. Напаѓачите се на слобода, имаме осомничени, имаме подигнато докази, но јавноста треба да знае дека сеуште нема приведени поврзани со пукањето и обидот за убиство се уште немаме“, изјави заменик министерот за внатрешни работи. 

Ss1

Можете да прочитате

Ахмети му порача на Мицкоски да внимава што зборува !

Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ ја промашија изборната единица, дали знаат кој кандидат е носител на ИЕ 2?

Пендаровски доминира на мастер дебатата на МТВ