Утрински Весник
Македонија

Нема поголеми задржувања за влез и излез од државата

МВР: Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

Oд 11 септември ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Ахмети го честита Илинден: Определбата на Албанците не е променета, избравме заедничка, унитарна, демократска и европска Северна Македонија

Г.Г. Стефан: Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности: Верата, правдата, честа и достоинството

(Видео) Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина