Утрински Весник
Спорт

Нема казна за Алегри откако го нарече Интер „умрен тим“

Нема казна за Алегри откако го нарече Интер „умрен тим“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри избегна казна за неговото однесување во тунелот по елиминацијата од Интер во Копа Италија во средата.

dobivaj vesti na viber

Според „Ла Газета дело спорт“, Алегри ги навредувал директорите на Интер, Бепе Марот и Дарио Бачин во тунелот на „Сан Сиро“, велејќи им „и така ќе завршите на шестото место“ и посочувал дека Интер е „умрен тим“. Тој исто така им врескал на сопствените играчи, велејќи дека е невозможно да загубат од толку слаб тим. Алегри потоа, наводно се покајал за стореното, и побарал директорот на клубот, Франческо Калво да се јави во Интер.

Но, бидејќи во извештајот на судиите за Серија А не се споменува инцидентот, 55-годишниот Алегри ќе помине без казна.

Лега Серија А додели казни на двата клуба – Јувентус ќе плати 8.000 евра за однесувањето на нивните навивачи, додека Интер ќе плати 6.000 евра.

Ова не е првпат Алегри да ја покажува својата фрустрација со потценување на противниците – по поразот од Наполи во Торино им честиташе на „партенопеи“ што „конечно, освоиле едно скудето“.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025