Утрински Весник
Култура

„Нема да биде крај на светот“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во БиХ

„Нема да биде крај на светот“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во БиХ

„Нема да биде крај на светот“, копродукциската претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, на 24 октомври со почеток во 19:30 ќе биде дел од ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, БиХ, насловени под слоганот „Болест на Општеството“ (Болест Друштва).

dobivaj vesti na viber

Во официјалната фестивалска програма кој започна на 20, а ќе заврши на 28 октомври, покрај нашата театарска куќа, опфатени се и театри од регионот, меѓу кои: Сатирично казалиште „Керемпух“ и Градско драмско казалиште „Гавела“, Загреб – Р Хрватска, Црногорско народно позориште и Центарот за култура во Тиват – Р Црна Гора, Босанско народно позориште, Зеница – БиХ, Ателје 212, Белград и Српско народно позориште, Нови Сад – Р Србија и други.

Театарските средби во Брчко се основани пред 49 години, а во својата речиси половина век долга традиција, средбите ги променија правилата и предлозите за организација, продукција, структурата на оценувањето и наградувањето на претставите и поединците, како и начинот на селекција и избор на изведби.

Според селекторот, проф. Владо Керошевиќ, од оваа година тоа се „Интернационални театарски средби“, на кои можат да учествуваат сите театри од БиХ и од странство, со квалитетни претстави без разлика на јазикот на кој е напишан или изведен драмскиот текст.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“