Утрински Весник
Македонија

Нелагална трговија со отпад на повеќе локации во Битола, Прилеп и Ресен

Странски нецаринети автомобили затекнати во Визбегово на див отпад

Полицијата упадна на девет локации во Битола, Прилеп и Ресен пришто била утврдена нелегална трговија со опад.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти полицијата, во Битола била извршена контрола на три локации во населба „Баир“, кои ги користат А.А.(41), Ф.М.(44) и И.Џ.(46 ), сите од Битола, при што било констатирано дека не поседуваат никаква документација и дека немаат регистрирано фирма за вршење на дејноста.

Во Прилеп била извршена контрола во складишта во с.Мало Коњари, во с.Селце и на плац на ул.„Гостиварска“ во Прилеп, кои ги користел А.Ш.(54) од Прилеп, како и на плац на ул.„Беровска“, кој го користел К.И.(31) од Прилеп. При контролата, исто така, било констатирано дека лицата вршеле дејност без регистриран правен субјект.

И во Ресен биле извршени контроли на две локации на кои се вршел откуп на отпад, а кои ги користеле К.М.(40) и З.Ј.(52) од Ресен. Притоа, било констатирано дека лицата не поседуваат никаква документација за дејноста која што ја вршат и немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист