Утрински Весник
Магазин

Неколку знакови дека Хари и Меган се подготвуваат за невиден удар врз кралското семејство

Неколку знакови дека Хари и Меган се подготвуваат за невиден удар врз кралското семејство
Ss2

Како што се наближува крунисувањето на кралот Чарлс, во јавноста се шпекулира каква улога ќе имаат принцот Хари и Меган Маркл, кои се поканети, но се уште е прашање дали парот ќе присуствува на церемонијата. Според Мирор, по објавувањето на мемоарите на Хари „Sparre“, односот меѓу парот и остатокот од кралското семејство никогаш не бил полош.

dobivaj vesti na viber

Историскиот настан на крунисувањето се случува на роденденот на принцот Арчи – а гласините велат дека неговата сестра, принцезата Лилибет, не била поканета.

300x250 (7)

Порталот Експрес објави неколку причини зошто Хари и Меган можеби нема да се појават на кралскиот балкон.

Исклучување од семејството

Од март 2020 година, Хари и Меган повеќе не се членови на кралското семејство, што парот го потврди.

Во нивната изјава за нивното заминување, која беше објавена на нивниот профил на Инстаграм, Меган и Хари тогаш напишаа – „Ние имаме намера да се повлечеме како „постари“ членови на кралското семејство и да работиме на тоа да станеме финансиски независни додека продолжуваме целосно да ја поддржуваме Кралицата“.

Двојката рече дека нивната одлука е донесена по „многумесечни размислувања и внатрешни дискусии“ и сега живеат во САД со нивните две деца, Арчи и Лилибет.

Планови за крунисување без војводата и војвотката од Сасекс

Во јуни минатата година, парот, заедно со нивните деца, се вратија во Велика Британија за да се приклучат на платинестиот јубилеј на кралицата.

Сепак, Хари и Меган многу малку се појавија во јавноста за време на нивната посета, а не беа ниту на балконот со членовите на кралското семејство.

Двојката и нивните две деца, наводно, полетале за САД пред да заврши прославата на јубилејот.

Тајмс објави дека се откриени официјалните планови за поворката и дека само судскиот персонал и членовите на кралското семејство ќе бидат вклучени во процесот.

Кралот Чарлс III сака мало крунисување

Не е тајна дека новиот крал не сака гламурозна церемонија на крунисување, како што беше случајот со крунисувањето на неговата мајка Елизабета Втора во 1953 година.

Извештаите, исто така, покажаа дека кралот го намалил бројот на гости.

Заладените односи меѓу славната двојка и кралското семејство

„Заладените односи“ се интензивираа по објавувањето на серијата на војводата и војвотката на Нетфликс и објавувањето на книгата на Хари.

Во книгата Хари ја откри физичката пресметка меѓу него и принцот Вилијам, како и окарактеризирањето на кралицата Камила како „опасна“.

Кралскиот експерт Сара Хјусон посочи на „ладен однос“ меѓу Хари и принцот Вилијам, што може дополнително да ја поткопа довербата на семејството во Хари.

На крајот на краиштата, сопругата на Хари, Меган и Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, со години не се во добри односи. Двете се судрија околу фустаните на деверушите за венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.

Меган тврди дека Кејт тогаш ја расплакала, но дека и се извинила.

Сепак, оттогаш се се пооддалечени, а според британските медиуми, тие немаат директен контакт веќе една година.

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината