Утрински Весник
Свет

Неколку лица, меѓу кои и полицаец, избодени во напад во Холандија

20250521113727 big 730x400 33.webp.webp

Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, јавија локалните медиуми.

Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад.


Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв.

Полицијата во соопштение на X информира дека околу 6 часот примила дојава за напад на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“.

– Повеќе лица се повредени, меѓу нив и еден наш колега. На терен се бројни итни служби и тим за итни медицински интервенции (ММТ). Подрачјето е оградено. Истрагата е во тек. Следуваат повеќе информации, соопшти локалната полиција.

Можете да прочитате

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни