Утрински Весник
Македонија

Неколку дена помлаки радијатори – ремонт на цевка во Бугарија ја намали испораката на гас

Parno.jpg

Од денеска па се до 5 април ќе се намали испораката на топлинска енергија во домовите. Ова известување доаѓа од ЕСМ Снабдување откако од дистрибутерот НОМАГАС им најавиле дека во овие денови ќе се ограничи испораката на природен гас од Бугарија, поради технички зафати на цевката таму.

Од ЕСМ се надеваа дека поради ова на домаќинствата нема да им биде нарушен комфорот. Најавите и за неделата се дека ќе има нестабилно време.


Очекуваме дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите од 20+1оC, се вели во дописот од ЕСМ

Во известување од НОМАГАС стои дека станува збор за ремонтни зафати на системите за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот Турски тек.

Поради ремонт на цевката во Бугарија се намалува протокот на гас кон Македонија и во овие денови ќе се испорачуваат само 10 отсто од вкупните потреби. Во иста ситуација е и Грција, велат за Телма од НОМАГАС.

Тврдат и дека вообичаено во земјата каде се прават вакви ремонтите активности одлучуваат колкава ќе биде испораката на гас.

Целиот текст на Телма со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна