
Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов обвинет за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова, рече дека родителите на загинатата, во судница читале говори, кои „некој им ги подготвува“. Потоа, рече дека судот треба да го цени тоа што Јованов, признал вина и изразил каење, при одмерување на санкцијата.
Се надевам дека конечно видовте, дека сето она што беше орктетирано објавувано, дека Васил е убиец, наркоман, дека избегал, сето тоа е ноторна лага. Цело време, оштетените читаа од своите мобилни телефони, некој им ги подготвува тие говори, а така настапуваат од прв ден. Се работи за човек кој има 20 години, категорично ја призна својата вина. Ова не е ни прва ни последна сообраќајка во Македонија. Тоа покажува дека е личност со интегритет, имаше доблест да признае и да се сноси со сите последици по признанието. Да оставиме институциите да донесат одлука врз основа на законот, а не око за око-заб за заб. Смртна последица само по себе е страшна работа, но треба да се индивидуализира и цени секој потег. Особено мора да се цени фактот што Васил придонесе за ефикасно спроведување на постапката, соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење“, рече Дуковски.