Утрински Весник
Скопје

Неделен возен ред на 1 јануари – билетарниците затворени, жичарницата ќе работи

Jsp 1.jpg

ЈСП информира дека во вторник (31.12.2024 год) ќе се работи по редовен зимен возен ред.

Во среда (1.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.


Од четврток (2.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во среда (1.01.2025 год) билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат. Од четврток (2.01.2024 год) продолжуваат со вообичаено работно време.

Жичницата на 31.12.2024 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.

Можете да прочитате

Дудуш: Шутка повторно остана без јавен превоз

Крводарителска акцја во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески

Томовски: Го заживуваме комплексот „Македонско село”