Утрински Весник
Магазин

‘Не’ за Девици? Хедер Морис тврди дека Џенифер Лопез одбива танчери поради хороскоп

‘Не’ за Девици? Хедер Морис тврди дека Џенифер Лопез одбива танчери поради хороскоп

Хедер Морис откри дека поп-ѕвездата Џенифер Лопез ги одбива танчерите родени во знакот на Девица.

dobivaj vesti na viber

Актерката и танчерка со ирско потекло слушнала дека Лопез, која неодамна се омажи за Бен Афлек,  им кажувала на луѓе да ја напуштат аудицијата врз основа на нивниот ѕвезден знак.

Во разговор со комичарот Џастин Мартиндејл на неговиот подкаст Just Sayin’ With Justin Martindale, 35-годишната актерка рече: „Таа дошла на крајот на аудицијата за да ги види танчерите што останале, да ги запознае сите.“

„Јас не бев таму, но ми кажаа дека влегла во просторијата и рекла: „Ви благодарам многу, момци работевте толку напорно. Со кревање рака, ако има Девици во собава, може само да кренете рака.“

Хедер тврди дека многумина ги кренале рацете и рекле дека се родени помеѓу 23 август и 22 септември, а Џенифер нешто ѝ шепнала на својата асистентка, ги погледнала и им рекла: „Благодарам многу што дојдовте.“

Џастин го изрази својот шок од озборувањето, а Хедер продолжи: „И тие морале да заминат, откако цел ден поминале на аудиција за Џенифер Лопез“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста