Утрински Весник
Македонија

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Aleksandar Kambovski.jpg

До овој момент нема пристигнато никакво барање за одземање на имунитетот” е краткиот одговор на претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски за порталот „Трилинг“, на прашањето дали и кога Судскиот совет ќе заседава во врска со можноста за одземање на имунитетот на судијата Судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра соѕидани во ѕид,

Засега надлежните институции немаат одговор каде се наоѓа судијата Ристов.

До овој момент за Ѓоко Ристов се нема побарано притвор. За тој да заврши зад решетки потребно е Судскиот совет да донесе одлука за симнување на имунитетот.

Минатата недела во Апелациониот суд – Скопје пријавил дека е болен и заминал на боледување, по што неговите колеги повеќе не го виделе, тврдат извори од судот.

Судијата е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, како и за корупција и трговија со влијание. Претресот е дел од поширока истрага која се води од декември 2025 година, а започна откако беше осомничен адвокатот Фехми Стафа за примање награда за противзаконито влијание. Од Обвинителството информираат дека предметот се води интензивно, без прекин, и дека станува збор за една од најопсежните постапки досега.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија

Зајкова: Доста со „шурење” на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност

Николоски: Овој Самит во Солун е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои што им припаѓа