Утрински Весник
Македонија

„Не смееме да дозволиме политиката да ги меша прстите во УКИМ“ – интервју на Атанас Кочов, кандидат за ректор

„Не смееме да дозволиме политиката да ги меша прстите во УКИМ“ – интервју на Атанас Кочов, кандидат за ректор

Дали и колку идниот ректор на УКИМ ќе знае да се одбрани од политичките подметнувања, прашање на кое во интервју за „Макфакс“ кандидатот за ректор Атанас Кочов вели дека за тоа човек треба да има чиста совест и дека не смее да подлегне на ниеден политички притисок.

dobivaj vesti na viber

„Основата е дека тој ќе биде прв, треба да го тргне УКИМ надвор од политиката. Тоа е најважно во наредниот период. Тоа е можно и тоа е нешто што треба да биде примат во работењето на кој и да било. Ако ние си ја вршиме работата и ако се избориме како тим, не смееме да дозволиме политиката да ги меша прстите во УКИМ“, потенцира Кочов.

Појаснува дека професорите првин треба да расчистат дали сакаат да бидат професори или да бидат политичари.

Апсолутно, не се согласувам, додава тој, професор да биде политичар.

„Ако се реши професионално да оди во политиката, добро, го признавам тоа. Но, да бидете заедно со студентите и да размислувате за политика или да им ја пренесувате политиката на студентите – за тоа сум, апсолутно, против. Тоа не смее да се случи“, нагласува Кочов.

Оптимист е дека на Универзитетот нема корупција или непотизам. „Не смее ниту да се помисли на мито или корупција во високото образование ниту, пак, на непотизам“, прецизира Кочов.

Според него, сите студенти се еднакви во согласност со можностите и треба да им се помогне за да дојдат до поголемо знаење.

Дополнува дека доколку биде ректор и ако слушне дека кој било професор има каква било поврзаност со мито или корупција, веднаш ќе ги преземе сите мерки да го спречи тоа.

Академската слобода, дециден е Кочов, не треба да биде злоупотребена.

Целосното интервју на кандидатот за ректор на УКИМ, Атанас Кочов, на „Макфакс“.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ