Утрински Весник
Македонија

Не се исклучува проширување на истрагата за директорот и помошник-директорот на БЈБ

Puls.webp.webp

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на МВР, Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници.

Во конкретниот случај постои основано сомневање дека во период од 14.03.2025 година до 16.03.2025 година, на територијата на СВР Штип, осомничените како службени лица сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Имено, истите, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – одобриле План за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Кочани, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од Стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи. По овој план, кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови, без било какви измени, било постапено, и на 16.03.2025 година на место каде што биле собрани поголем број на луѓе – кабаре „ПУЛС“, не преземале мерки да спречат активирање на пиротехничка опрема на сцената каде настапувала музичката група „ДНК“ во моментот кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во полициската станица Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „ПУЛС“, со што не преземале мерки за заштита за присутните лица во дискотеката „ПУЛС“, каде поради несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола настанал пожар, и со тоа предизвикале настапување на смрт на 63 лица, а над 200 лица се здобиле со потешки и полесни телесни повреди и телесни повреди.


Имајќи ги предвид околностите, а заради непречено водење на кривичната постапка и заради обезбедување присуство на обвинетите, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка на Основниот Кривичен Суд Скопје предложи спрема осомничените да се определат следните мерки на претпазливост, и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање, Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и Забрана за преземање на определени работни активности –полициски службеник.

На прашање на Инфомакс дали истрагата се проширува и на директорот на БЈБ и помошникот директор на БЈБ за стратешко планирање кои ја изготвиле телеграмата и наредбата за контрола, од ОЈО ГОКК одговорија дека во моментов е за овие лица, ако во текот на истрагата се прибават докази не е исклучено да бидат опфатени и други лица.

Извор: Инфомакс

Можете да прочитате

Венко Крстевски најави кандидатура за градоначалник на Кочани

ВРЕДИ: Дали Арсовска даде заклетва пред граѓаните или пред Беџети?

Сијарто: Не е само Бугарија, туку и други земји на ЕУ ја попречуваат Македонија