Утрински Весник
Скопје

Не престанува тенденциозното исфрлање отпад на јавни површини – за време на викендот се отстранети 150 кубни метри отпад од диви депонии

Viber Image 2024 07 05 00 41 47 169.jpg

Во текот на изминатиов викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочи со тенденциозно загрозување на животната средина и јавното здравје, преку масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини и создавање диви депонии.
Со цел – одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во градот Скопје, екипите на Претпријатието за време на викендот реализираа вонредни активности за подигнување и транспорт на вкупно 150 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.
Интервенирано е на улиците Лихнида, Лука Геров и Македонска војска во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Босна и Херцеговина во општината Бутел. Во координација со ЈП Паркови и зеленило отстранети се и неколку диви депонии на улиците Благоја Паровски, Џон Кенеди, Панче Неделковски и Цветан Димов, како и на булеварот Македонско-косовска бригада во скопската општина Чаир.
Од почетокот на месецот јули, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви пет записници за граѓани коишто се затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини на улиците Лазар Поп Трајков и 16-та Македонска бригада во општината Гази Баба, улиците Јуриј Гагарин и Веселин Маслеша во општината Карпош, како и на улицата Аминта Трети во скопската општина Центар.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје