Утрински Весник
Спорт

Не можете да ги научите вештините што ги има Холанд

Не можете да ги научите вештините што ги има Холанд

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не го криеше задоволството од убедливата победа (6:0) над Нотингем Форест, а го издвои Ерлинг Холанд, кој вторпат по ред постигна хет-трик. Откако постигна хет-трик за само 18 минути против Кристал Палас претходниот викенд, норвешкиот напаѓач истото го направи и синоќа против Нотингем Форест.

dobivaj vesti na viber

Младиот фудбалер игра во голема форма по трансферот во Сити, на пет натпревари постигна дури девет гола и запиша една асистенција.

„Сè што правеше во Норвешка, Австрија и Германија, се труди да го направи и овде. Тој е способен првиот контакт со топката да го претвори во гол. Такви работи тешко се учат. Тој талент го има и Хулијан Алварез. Навистина имаме неверојатни напаѓачи. Холанд секогаш постигнува голови кога тимот игра добро. Тој може да се запре само кога не играме добро. Сепак, се трудиме секогаш да играме добро како тим и да создаваме шанси за нашите напаѓачи за да можат да дојдат во позиција да постигнуваат голови“, изјави Гвардиола, а потоа додаде:

„Покрај одличниот личен настап, верувам дека Холанд нема да биде задоволен доколку не ја освоиме титулата. За тоа ќе се бориме заедно во текот на целата сезона“, изјави каталонскиот стручњак.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина