Утрински Весник
Спорт

Нејмар и Маркињос се вратија на тренинзите на ПСЖ

Нејмар и Маркињос се вратија на тренинзите на ПСЖ

Бразилските интернационалци Нејмар и Маркињос денеска се вратија во базата на Пари Сен Жермен и ги продолжија тренинзите со тимот, пренесува францускиот печат. Двајцата продолжија со тренинзите со тимот на Кристофер Галтие само еден ден откако ѕвездата на тимот Килијан Мбапе изненадувачки го прекина одморот многу брзо по финалето на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Истото го направи и Ашраф Хакими, кој играше во полуфиналето со мароканскиот тим.

Ова доаѓа на помалку од една недела до продолжението на шампионатот во Лига 1.

Следниот натпревар на парижаните е в среда на 28 декември против Стразбур.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер е воодушевен бидејќи голем дел од неговите фудбалери веќе се вратија на тренинзите по Светското првенство во 2022 година и ќе бидат во составот пред продолжението на шампионатот.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026