Утрински Весник
Македонија

Не излегувајте доколку немате потреба, топлиот бран од Африка продолжува

Ecm1 24.gif

Топлиот воздушен бран од Африка во нашата Република Македонија продолжува и во текот на следната седмица, па така времето и понатаму кај нас ќе биде претежно сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.

И во Скопје и околината продолжува стабилното, суво, многу топло и сончево време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.


Што се однесува до температурите, тие насекаде во Македонија ќе бидат над 30 степени, а особено во Повардарието и во југоисточните предели температурите ќе се искачат до 40 степени. Во Скопскиот регион во следниот период максималната дневна температура на воздухот исто така ќе се искачи до околу 40 степени. Мора да напоменам дека многу топли ќе бидат и ноќите, особено во Повардарието и тропски, каде температурите нема да се спуштаат под 20 степени.

Апелирам поради многу топлиот бран од Африка, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) исто така да пијат и повеќе течности.

Можете да прочитате

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДМ ги демантира граѓаните и веста дека се ограбени на интернет ја нарече лажна вест

Александар Саша Димитријевиќ и Александра ја крунисаа љубовта