Утрински Весник
Магазин

Не ги оставајте децата во автомобил на сонце, топлината може да биде фатална

Img 0432.jpeg

Со доаѓањето на високите температури се зголемува ризикот од дехидрација и смрт на децата оставени во возила. Дури и краток престој во загреано возило, може да има трагични последици.

Поради послабата способност на детскиот организам да се прилагодува на високите температури, телото на детето се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен. Високата надворешна температура за многу кратко време кај децата доведува до зголемување на нивната телесна температура и до топлотен удар.

Ако не реагирате на време, органите откажуваат, а само 15 минути престој во прегреан автомобил може да доведе до фатални последици, односно оштетување на мозокот и бубрезите, па дури и смрт.

Можете да прочитате

Жените родени во четири хороскопски знаци стануваат се’ поубави како што стареат

Дали спиете со вклучена клима?

Нема да ја препознаете: Ваква беше Цеца во бикини од тинејџерски денови