Утрински Весник
Македонија

Не е точно дека советник од СДСМ гласал за враќање на споменикот на Ќосето, реагира владејачката партија

Не е точно дека советник од СДСМ гласал за враќање на споменикот на Ќосето, реагира владејачката партија

Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, со лага сака да го прикрие фактот што тој, неговата партија и Левица, партијата чиј заложник се, сакаат да го вратат споменикот на Андон Јанев Ќосето, реагира СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека не е точно оти советник од СДСМ гласал ЗА, и станува збор за популистичка и евтина иницијатива на Левица.

„Година и половина Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден проект од програмата, точно е дека ја задолжуваат општината, како што е точно дека само годинава за партиски вработувања ќе се потрошат пет милиони денари, пари на граѓаните. Наместо проекти и решенија, лажни вести, долгови за граѓаните и обиди враќање на споменици со спорна, толку можат и знаат Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Аеродром“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Претходно денес, општина Аеродром донесе одлука за поставување на споменикот на Андон Јанев-Ќосето во населбата Горно Лисиче.

Од општината информираа дека одлуката била донесена со поддршка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левицата, како и советник од советничката група на СДСМ.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец