Утрински Весник
Свет

Не е стигнато до врвот на ескалацијата во Косово, тврди Вучиќ кој повтори дека Курти сака да избие војна

Вучиќ и Курти в понеделник ќе се сретнат во Брисел

Претседателот Вучиќ гостин во емисијата „Ново викенд утро“ на Јована Јеремиќ на ТВ Пинк, каде посочи дека косовскиот премиер Албин Курти сака војна. Зборувајќи за состојбите во Космет, Вучиќ истакна дека во секој момент треба да се гледаат работите како целина, а не само одредени делови од случувањата,

dobivaj vesti na viber

– На клучните актери на Западот им е јасно дека главната вина е на режимот на Курти – изјави Вучиќ и додаде дека не е сигурен дека е достигнаат врвот на ескалацијата.

Како што вели, Курти нема да застане, а суштината е дека Курти нема ЗСО.

– Сака војна и конфликт, тоа недостасува во неговата биографија. Сака да не вовлече во конфликт со НАТО – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека Србија сега мора да биде внимателна.

Можете да прочитате

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж