Утрински Весник
Македонија

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ, вели европратеничката Јовева

Qprawgibqnfs8f3culnn.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева.

Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да излезе дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да излезе дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина, вели Јовева, која има македонско потекло.

Јовева, кој е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“, нагласува дека особено не е фер, ако знаеме што се случува во Босна и Херцеговина, а посебно во Србија.

Можете да прочитате

Приведена жена од гостиварско, украла златен накит во вредност од 9.000 евра

Владата разгледува кризна состојба, греењето ќе се обезбеди со државни резерви на мазут

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух