На социјалните мрежи и во медиумите со молскавична брзина се прошири вест проследена со видео во кои се тврди дека во Кина се случил редок феномен на дожд од црви. Видеото исто така покажува дека луѓето се штитат од „црвите“ со чадори.
Меѓутоа, при проверка на фактите, се покажа дека тврдењето оти суштества слични на црви врнеле од небото во провинцијата Лиаонинг е лажно.
Тоа што било забележано дека паѓа од небото не се црви, туку цутови од тополи. Оваа појава не е невообичаена за време на пролетната сезона кога тополите почнуваат да цветаат. Цветовите кои имаат долгунеста форма паѓаат од дрвјата, а луѓето кои не се запознаени со оваа појава лесно може даги помешаат со црви или гасеници.
Виралниот видео клип покажува нешто што изгледа како дождовни глисти расфрлани по автомобилите и по улиците на Лиаонинг. Сепак, тоа се само цветни стебленца од топола.
Еве како изгледаше тоа: