Утрински Весник
Македонија

Не ја загадивме Крива Река – раководството на „Тораница“ контра градоначалникот на Крива Паланка

Kriva Reka Siva.jpg

Раководството на рудникот „Тораница“, фирмата „Булмак 2016“, ги отфрла тврдењата на градоначалникот на Крива Паланка дека ја загадиле водата во Крива Река.

Обвинувањата ги нарекоа шпекулации. Покажаа анализи кои, како што тврдат, покажуваат дека водата од рудникот не ја загадила Крива Река со тешки метали.


“Можеби имало некое загадување во Крива река, но ние сме убедени по добиените резултати од лабораториските испитувања и чекорите кои ги направиве, причината за заматувањето или загадувањето или било каква друга последица не е од компанијата “Булмак” односно не е конпанијата од рудникот Тораница”

“Квалитетот на водата на денот на настанувањето на ова истекување, Тораничка река е во трета категорија, според категоризацијата на водотеците на реките и езерата. Споредено вредностите од трета категорија и добиените резултати, е заклучено дека има надминување на концентрацијата на олово и тоа надминување не е сериозно затоа што дозволено е во трета категорија да има 30 микрограми на литар а се добиени по анализата 52 микрограми на литар”, велат од раководството на Тораница.

Можете да прочитате

Институтот за родови реагира на наставната програма за „Здравје и заштита на здравјето”

ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано – Балканскиот картел се распаѓа – Мицкоски остана сам