Утрински Весник
Спорт

Ндерим Неџипи стана спортски директор на Маниса

Ндерим Неџипи стана спортски директор на Маниса

Поранешниот македонски репрезентативец, Ндерим Неџипи, е нов спортски директор на турскиот второлигаш, Маниса. Toj досега беше спортски директор на косовскиот тим Балкани.

dobivaj vesti na viber

„Среќен сум што сум тука. Би сакал да му се заблагодарам на нашиот претседател и на нашето раководство за можноста која ми ја даде. Сакаме да креираме тим кој ќе игра за титулата. Многу години го следам турскиот фудбал. Дојдов тука за да освоиме нови работи. Ќе направиме се за да ја однесеме Маниса во Суперлигата. Минатата сезона освоив два трофеи со Балкани и игравме добро во Европа. Сакам да го продолжам тој успех и во Маниса“, изјави Неџипи.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал