Утрински Весник
Економија

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Narodna Banka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите.

Во споредба со истиот период  минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз растот на електронски иницираните плаќања преку дигиталните канали, односно трансакциите растат за 18,6%, а вредноста за 28,3%. Најголемиот дел од платежните трансакции иницирани преку дигиталните канали (71,3%) се извршени преку мобилни апликации, што потврдува дека преовладува употребата на мобилниот телефон како најбрз и наједноставен начин на плаќање.


Се зголемува и користењето на платежните картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 8,4%, а нивната вредност за 11,4%. Зголемувањето најмногу произлегува од зголеменото купување преку интернет (14,8%), но раст има и кај плаќањата во продавниците (7,9%).

Овие податоци јасно укажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

Можете да прочитате

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Нелогични трансaкции од 2 милиони, неисплатени добивки од над еден милион евра – Ревизија откри хаос во Државна лотарија

Дијаспората во Македонија лани испратила 310 милиони евра