Утрински Весник
Спорт

НБА клубовите за еден час од предниот рок потрошија повеќе од милијарда долари

НБА клубовите за еден час од предниот рок потрошија повеќе од милијарда долари
Dik 300x250 mk

На полноќ по средноевропско време започна преодниот рок за слободни играчи во НБА, а до три часот сите најголеми имиња веќе исчезнаа од пазарот. Дрејмонд Грин, Кајри Ирвинг, Крис Мидлтон, Кајл Кузма, Џерами Грант потпишаа нови договори со своите претходни тимови, а единствениот oлстар кој ја смени средината е Фред ВанФлит, од Торонто во Хјустон.

dobivaj vesti na viber

Грин продолжи со Голден Стејт Вориорс уште четири години за 100 милиони долари, Ирвинг со Далас Маверикс за три сезони и 126 милиони долари, Мидлтон со Милвоки Бакс три години за 102 милиони долари, Кузма со Вашингтон Визардс за четири години и 102 милиони долари и Џереми Грант со Портланд Блејзерс за пет години за 160 милиони долари.

Но, победник на првиот ден од преодниот рок е Фред ВанФлит, кој потпиша тригодишен договор со Хјустон Рокетс за 130 милиони долати, или 43 милиони долари по сезона, што го прави 14. најплатен играч во лигата.

Шампионот Денвер Нагетс го загуби клучниот играч од клупата Брус Браун кој замина во Индијана, а финалистот Мајами загуби двајца стартери. Гејб Винсент е нов член на Лејкерс, а Макс Страс замина во Кливленд. Феникс побрза да состави тим кој ќе ги опкружува Дурент, Букер, Бил и Ајтон и потпиша договор со дури шестмина играчи.

 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја