Утрински Весник
Македонија

Назначени нови директори Стојаноски на ГОБ „8 Септември“, Андоновска на ИЈЗ

2 Gorsel Galerisi 1.png

Уште две здравствени установи добија нови директори.

На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8 Септември“, доаѓа доктор Синиша Стојаноски.

Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.

Со Институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог.

Работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.

Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.

Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.

Можете да прочитате

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци

Николоски: Од 2 јули нова директна линија Анкара- Скопје и карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција