Утрински Весник
Магазин

Лајка: ,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

347557354 295947379614053 150273062971562533 N.jpg

Денес во нашата кампања и со помош на Стефан Лазаров и Зоки Фаци им даваме видливост на Жика и Арон.

Овие кучиња некогаш и некому биле верни пријатели но за жал завршија во нашето прифатилиште и повеќе од година дена бараат дом.
Жика има потреба од искусен сопственик зашто е куче кое покажува доминација кон други кучиња но со луѓе е вистинска маза.
Арон обожава да трча со часови и би бил идеален миленик за активно семејство.

Повеќе слики од Жика можете да најдете тука: https://drive.google.com/drive/folders/1IOGBC1DxQD_9qId-JuplZ7B6BWR0qszj?usp=drive_linkc

И Арон тука: https://drive.google.com/drive/folders/1j3uvlFpal79TVhGOWxnz3NSl6M6fbVzi?usp=drive_link

Како и сите наши кучиња така и Жика и Арон се кастрирани, редовно вакцинирани и прочистени од надворешни и внатрешни паразити.

Споделете, за следниот што ќе застане пред нивниот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!

Можете да прочитате

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка

Во ЕУ во јуни регистрирани речиси 1,1 милион нови автомобили

Вака изгледал час по физичко во 1966 година, за многумина е научна фантастика: Вежбите кои ги прават се незамисливи за денешните генерации