Утрински Весник
Македонија

„Навиваше за мене и тогаш кога не требаше, се гледаме стари“, напиша Џамвазов по веста за смртта на Мешковски

„Навиваше за мене и тогаш кога не требаше, се гледаме стари“, напиша Џамвазов по веста за смртта на Мешковски
Ss2

Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина по долго боледување во својот дом во Лос Анџелес, САД.  Колегите актери преку социјалните мрежи се простуваат од легендарниот актер.

dobivaj vesti na viber

Меѓу нив е шоуменот Игор Џамбазов кој вели дека Мешковски го прифатил  како син, и тогаш кога не требало.

300x250 (7)

-Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари…, напиша Џамбазов на Фејсбук.

Актерката Весна Петрушевска порача дека ќе го памети по големата љубов кон сопругата и неговите две ќерки.

„Си замина и Мешко, ќе те паметам по насмевката, твојата воздржаност,огромната љубов кон Марика и твоите две ќерки. Добар татко и одличен глумец. Мешко баш те сакав, аплауз и слава ти“, пишува актерката во својата објава.

Од актерот се прости и Тања Кочовска.

Од легендарниот Мешковски се простувааат и твитерџиите.

Комеморацијата за почитуваниот актер Димче Мешковски ќе се одржи во салонот на Драмски театар Скопје на 28 март 2023 година со почеток во 12 часот.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула